Knauf Firewin

Магацинската сала Виланец



Барањето од страна на инвеститорот беше да обезбеди заштита од пожар на кровната конструкција на магацинската сала и носечките (*потпорни) столбови коишто ја потпираат оваа конструкција.

Салата, чиј план на основата изнесува 24 х 48 метри, висока е 13 метри и во однос на нејзината употреба може да се каже дека процесот значително се отежнува. Таа се користи за складирање на различни материјали, со исклучок на запаливите материјали. Условот беше да се обезбеди отпорност на пожар за најмалку 30 минути, определен согласно прописите за регулирање пожар. Првично, инвеститорот имаше три можности. Првата можност беше конструкцијата да се обезбеди со противпожарна заштита со гипс-картонски плочи (како на пример Knauf Red Piano). Сепак, ова ќе претставуваше голема работа и ќе одземеше време. Да не ги спомнуваме финансиите. Втората можност, која се покажа како пореална се однесуваше на обложувањето со огноотпорна боја. Сепак, за ова  решение буџетот беше сè уште многу голем бидејќи конструкцијата ќе требаше да се премачкува со најмалку од  4 до 5 слоја за да се добие потребната дебелина на заштитниот слој. По консултацијата со техничарите на Knauf беше предложено решение - огноотпорен малтер на Knauf SIBATERM® Outdoor, којшто благодарение на цементната база може да се користи во вакви сали кои се карактеризираат со релативно висока влажност бидејќи не се загреваат и обично во текот на денот се отворени (во секое годишно време). Буџетот во споредба со огноотпорната боја беше намален за половина, што секако одигра клучна улога во одлуката на инвеститорот. Голема придобивка претставува и брзината на аплицирањето бидејќи доволен беше само еден слој во бараната дебелина од 15 мм, пресметана врз основа на профилот на употребените челични носачи во конструкцијата на покривот. Да напоменеме дека минималната дебелина на малтерот SIBATERM мора да биде 10 мм, а максималната дебелина 30 мм доколку се нанесува во една работна секвенца (доколку е во две, тогаш максималната дебелина е 60 мм). Предност за инвеститорот  претставува и фактот што и тој самиот може да го нанесе малтерот SIBATERM. Нанесувањето се врши со користење на машините PFT Multimix и Swing и истите може да ги изнајми.

Пристапот кон работата воопшто не беше комплициран. Најпрво беше неопходно да се исчистат носачите со челична четка за да не се гледаат остатоците од старите слоеви, грубата прашина итн. Неопходно беше површината да биде сува, што всушност не претставува проблем имајќи го предвид карактерот на салата. Пред да се примени SIBATERM, задолжително беше на површината на носачите да се нанесе со пенетрација слој на Knauf SIBATERM GRUND со дебелина од 10 до 20 мм, со што се обезбедува совршено лепење на малтерот за материјалот на конструкцијата. По сушењето на пенетрацискиот слој (најрано по 2 часа, а најдоцна до 24 часа) се пристапува кон машинско нанесување на малтерот. Поради значителната висина потребно беше да се користи црево во должина од 20 метри. Малтерот беше нанесен во една работна секвенца. Температурата при имплементацијата беше малку над +10 ° C, што целосно ги задоволува пропишаните услови (техничкиот лист покажува минимална температура од +5 ° C).  Нанесен слој со приближна дебелина од 10 мм обично се суши во просек од 14 дена, но тоа зависи од специфичните услови за градба, односно главно од температурата, влажноста и вентилацијата. Потрошувачката на материјалите најчесто изнесува 7 кг по м2 со дебелина од 10 мм.

Салата е во употреба веќе неколку месеци и нанесениот малтер на SIBATERM не демонстрираше никакви проблеми. Со оглед на задачата, тоа беше најевтиниот и што е најважно, најбрзиот начин да се заштити оваа сала од можен пожар. Да напоменеме дека слојот малтер е со сива боја и неговиот век на траење е речиси ист колку и векот на траење на гредите. Предностите на SIBATERM покрај леснотијата во применувањето е и во фактот дека не е потребно одржување. Доколку при контролата на прскањето се открие некаков недостаток, на пример помала дебелина од посакуваната, во тој случај може едноставно да се испрска уште еднаш и така да се дополни материјалот којшто недостасува.

Претплатете се, за да добивате новости


Пресметајте ја потрошувачката со нашата

Алатка за пресметување
  • Само за регистрирани корисници
  • Пресметајте практичнa покриеност 
  • Пресметај вкупно
Регистрирајте се бесплатно Најавете се