Во својот последен извештај Центарот за пожарни статистики (The Center of Fire Statistics ) распределбата на пожари во 2017 година укажуваат на фактот дека 37,7% од пожарите се случуваат во објектите. Тоа се малку вознемирувачки вести затоа што луѓето го трошат повеќето од своето време во згради од различен тип – што значи сите ние сме опкружени со потенцијални опасности секој ден. Ако го земеме ова во предвид, подеднакво важно е процентот на можните ширења на пожарите низ конструкцијата. Според Фајр Сејф Јуроп (FSE - Fire Safe Europe) , европска асоцијација за безбедност од пожар во објекти, за само 3 минути пожарот може да го опфати целиот простор. Понатаму, според FSE, во Европа секоја година се губат по 4000 животи во пожарите, што значи секој ден, во просек, 11 лица во Европа умираат од пожар, а 190 се хоспитализирани со сериозни здравствени штети од инциденти настанати поради пожари. Како резултат, енормни суми на пари се трошат за покривање на штетите од пожарите, до околу 126 милијарди евра, или 1% од европскиот GDP!
Земајќи ги во обзир сите овие заклучоци, важно е да се адресираат овие податоци адекватно. Во полето на заштитата, статистиката ни помага да ја нагласиме каква е состојбата денес и какви се трендовите утре. Знаејќи ги овие податоци треба да ги поздравиме измените во различните области на заштита од пожар и воопшто, заштитата на јавното добро!
Трендови за безбедност од пожар за 2017
Центарот за пожарни статистики (The Center of Fire Statistics ) на Меѓународната Асоцијација за Пожар и Спасување (CTIF) го претставува својот последен извештај под број 24, кој содржи статистики за пожар од земјите членки на CTIF и нивните поголеми градови за 2017 година, како и за последните трендови во изминатите 4 години. Во студијата има статистики за број на пожари, смртни случаи како резултат на пожар, смртни последици кај пожарникари на должност итн.
Статистиките се базирани на податоци од 34 земји и 35 поголеми градови од светот. Податоците за повици, пожари и загуби за периодот од 2013-2017 се од 59 земји кои испратиле податоци за една или повеќе години од тој период.
Табела 1 покажува вкупен број на пожари од 27-57 земји, заеднички претставувајќи 0.9-3.8 милијарди жители на земјата, во зависност од годината за која се известувало. Во овие земји се регистрирани 2.5-4.5 милиони пожари и 17-62 илјади смртни случаи од пожари.
Табела 2 покажува заеднички индикатори за пожарни статистики во 2017. Најмногу пожари се регистрирани во Австрија со 5,5 пожари за секои 1000 жители. Најмногу смртни случаи поврзани со пожар се случиле во Русија, со 5,3 жртви на 100.000 жители и 5,9 жртви на 100 пожари.
Слика 1 покажува највисока стапка на смртни случаи на 100 пожари (2013-2017) забележана во Белорусија, Тајван и Летонија. Најмал број на смртни случаи на 100 пожари се забележани во Лихтенштајн, Словенија, Израел и Австрија.
Како што може да се види во Слика 2, најголем број на пожари, 37,7% се случуваат во зградите. Следно најчесто место за појава на пожар е во трева и грмушките со 20,4%. Најмалку пожари се појавуваат во шумите, 1,6%.
Да заклучиме, од статистиките е мошне очигледно дека пожарите прават големи штети и во поглед на загуба на човечки животи и во поглед на материјални добра. Затоа е од голема важност да се превземат превентивни мерки каде е тоа можно. Употребата на градежни материјали кои се пожаро-оспорувачи (fire-retardant construction materials) при изградбата на објектите може ефикасно да го намали ширењето на пожарот. За оваа намена Кнауф FireWin програмата нуди широк дијапазон на решенија за пасивна заштита од пожар.
Извори:
- https://firesafeeurope.eu
- https://www.ctif.org/index.php/news/world-fire-statistics-issue-no-24-2019
- https://www.ctif.org/world-fire-statistics
Trust Knauf. Feel safe.