Knauf Firewin

OЦ Пивница Дјечин

Чешка, Děčín
Вид на градба

Архитекти
Václav Hlaváček



Проектот OC Pivovar Děčín беше планиран како мултифункционален трговски центар.

Се протега во вкупна површина од над 22 000 м2. Се наоѓа во центарот, во близина на долгогодишната локална пиварница во областа Подмокли, Република Чешка.

Целта беше да се создаде модерен трговски центар, истовремено чувајќи ги историските делови на пиварницата непроменети, маестрално комбинирање на современа архитектура и елементи на пиварницата, која датира од 17 век.

Бидејќи станува збор за јавна зграда, важно е да се cоздаде и осигура висока заштита од пожар, голема брзина  на структуирањето но и намалување или едуцирање на вкупната цена.

На таванот на објектот, каде што се потребни повисоки барања за отпорност на пожар се користени Knauf RED гипс-картонски плочи. За преградните ѕидови меѓу продавниците се користени Knauf White гипс-картонски плочи а во социјалните установи Knauf Green. Главен критериум за изборот на ваквите плочи беше барањето за прецизна работа и 100% сертифициран систем, односно соодветен и висок квалитет. Во некои случаи, поради брзината на монтажа и барањето за намалување на вкупната цена се користени плочи Massivbauplatte од 25 мм, кои може да се користат во простори со повисока релативна влажност. Покрај тоа, тие исто така се карактеризираат со соодветни својства за заштита од пожар, кои се задолжителни во таков комплекс. Плочите се користеа во градежниот систем Knauf W353. Треба да се напомене дека делови од системите Knauf беа додатоци вклучувајќи ги и неопходните цементи, меѓу кои доминира пред сè непобедливиот Uniflott.

Специјалниот противпожарен малтер Knauf Vermiplaster, кој припаѓа во рамките на системите за пасивни  противпожарни системи беше применет во дотогашните простории со сводови. Целта беше да се зголеми отпорноста на пожар на долните фланши и профили за 30 минути. Во моментов така се заштитени техничките простори во кои се сместени машините и опремата, обезбедувајќи го на тој начин функционирањето на центарот.

Додека пак, во новите доградби примена најде машинскиот малтер Knauf MVS1, кој ја победи конкуренцијата благодарение на докажаниот квалитет и прифатливите цени.

Претплатете се, за да добивате новости


Пресметајте ја потрошувачката со нашата

Алатка за пресметување
  • Само за регистрирани корисници
  • Пресметајте практичнa покриеност 
  • Пресметај вкупно
Регистрирајте се бесплатно Најавете се