Knauf Firewin

Knauf

Заптивање на комбинирани продори

Брзо и чисто работење

Противпожарната пена е двокомпонентен материјал, во една туба, спремен за нанесување. Се употребува слично како и ПП силиконот, со истиснување со соодветен “пиштол”, по што започнува експандирањето на материјалот, кој по кратко време го исполнува продорот на кој се нанесува. Препорачуваме употреба на безжичниот електричен DynamicMax пиштол, за употреба без мака на повеќе туби една по друга. Во случај на пожар, материјалот континуирано експандира и произведува негорив заптивен материјал за продорот.

Лесен за подоцнежно пробивање

По завршувањето на експанзијата на материјалот, истиот останува трајно еластичен, па во секое време низ него може да се спроведе дополнителен кабел или цевка, без намалување на противпожарноста на системот. При извлекување на кабел или цевка од системот, доволно е со ПП пената да се исполни само шуплината која останува на местото на извлечената инсталација.

Решение со еден производ

Доколку се бара класа на пожарна отпорност EI 60 или EI 90, заштитната пена Knauf - FPF е доволна како решение. Не се потребни дополнителни материјални компоненти или работни чекори за да се создаде постојан и сигурен противпарен систем за заптивање.

Оптимална обработка

Оптималниот однос помеѓу почетокот на реакцијата и стврднувањето, овозможува доволно долги прекини на работата, како и брза работа. Високата вискозност на материјалот спречува пената да истече од отворот на нозлата. Со една туба, се изведува 2,0 – 2,1L волумен на ПП заптиван систем со ниво на заштита од EI 90 кај комбинирани продори или EI 120 кај продори од кабли.

Претплатете се, за да добивате новости


Пресметајте ја потрошувачката со нашата

Алатка за пресметување
  • Само за регистрирани корисници
  • Пресметајте практичнa покриеност 
  • Пресметај вкупно
Регистрирајте се бесплатно Најавете се