Knauf Firewin

Противпожарен малтер Кнауф SIBATERM

Новости

Knauf
02.10.2018

Противпожарен малтер Кнауф SIBATERM

Во една од претходните статии, зборувавме за противпожарните малтери на Кнауф FireWin. Денес, поопширно ќе го објасниме малтерот Knauf Sibaterm и елементите од системот - Sibatermgrund и Sibatermfarbe.

Кнауф FireWin малтерите се посебно создадени за пасивна противпожарна заштита, а нивното машинско нанесување, за два до три пати го намалува работното време за нанесување. Малтерот има широка примена, но секогаш, за постигнување на најдобрите разултати, треба на позицијата да се избере најсоодветното решение.

 



Кнауф Sibaterm

Овој малтер, на база на цемент, е погоден и за надворешна и за внатрешна употреба. За заштита на столбови и греди во негреани простории, високи згради и деловни блокови, трговски центри, катни и подземни гаражи, базени, како и за привремена заштита во тек на градба. Ова е само само дел од подрачјето на примена на Кнауф Sibaterm.
Материјалот е составен од портланд цемент, како врзувач, експандиран прелит, стаклени влакна и хемија потребна за постигнување на очекуваните својства. Како материјал за пасивна ПП заштита, Кнауф Sibaterm нуди структурална заштита на градежните елементи кои треба останат недопрени, во период додека пожарот не биде изгасен или зградата евакуирана.


Кои ви се придобивките:

• Атестирана ПП заштита од 30 до 240 минути
• Намален трошок поради намалениот растур при нанесување
• Лесно нанесување на системот дури и на комплицирани форми
• Одлична лепливост на челик
• Лесно нанесување со PFT Multimix и PFT Swing машини
• Применливост и кај високи фактори на форма (U/A)
• За надворешна употреба и простории со висока воздушна влага
• Трајна употреба на ПП системот во долг временски период, без поправки и санации
• Мала маса, за мала потрошувачка
• CE сертификација и ETA-16/0858



Kнауф Sibatermgrund and Sibatermfarbe

Различни основни премази и бои се дел од Кнауф FireWin системите. Кнауф Sibatermgrund е основен премаз за повисока лепливост на Кнауф Sibaterm ПП малтерот на челичните елементи. Се користи и за внатрешна и за надворешна употреба.

Кнауф Sibatermfarbe е акрилна боја за боење на Sibaterm малтерот и исто така е наменет за внатрешна и надворешна употреба и се нанесува рачно или машински. Нанесен како завршна обработка, го прави изгледот на малтерот визуелно унифициран и ја намалува површинската впивловист на истиот.



Кога безбедноста е приоритет, мора да ги избереете вистинските производи.
За повеќе информации и помош при избор на технички решенија, Ве молиме кконсултирајте ги Кнауф ПП експертите. Верувајте во системскиот квалитет на Кнауф FireWin системите и градете со ПП безбедноста во предвид!

Пресметајте ја потрошувачката со нашата

Алатка за пресметување
  • Само за регистрирани корисници
  • Пресметајте практичнa покриеност 
  • Пресметај вкупно
Регистрирајте се бесплатно Најавете се