НОВИНА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР – ШИРОКА ПАЛЕТА НА МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПАСИВНА ПП ЗАШТИТА

ДОВЕРБА ВО КНАУФ СИСТЕМИТЕ

Кнауф е семејна германска компанија, важен партнер на светското градежништво и еден од водечките добавувачи на градежни материјали, повеќе од 80 години. FireWin е најновата целосна палета на производи, директен производ на иновативноста и енергијата на компанијата, длабокото разбирање на клиентите, флексибилното производство и континуираната контрола на квалитетот на производите

ВИДЛИВИ ПРЕДНОСТИ ЗА АРХИТЕКТИТЕ, ГРАДЕЖНИЦИТЕ И ИЗВЕДУВАЧИТЕ

Сигурната заштита од пожар, секогаш е директно зависна од квалитетот на материјалите, но секогаш на изборот влијаат и други фактори. Секогаш се бараат економични решенија, лесни за користење и за изведба и на покомплексни задачи. FireWin, водена од овие модерни текови на градежништвото, успешно ги комбинира сите овие фактори, па заедно со добро познатите Кнауф системи во градежништвото, создава простор во кој и вие и Вашите потомци ќе живеете безбеден и мирен живот.

ОРИГИНАЛЕН ДОДАТОК ЗА ЦЕЛОСНА ПП ЗАШТИТА

Иако палетата на Кнауф секогаш содржела материјали кои овозможувале висока ПП заштита во системите на преградни и фасадни ѕидови, спуштени тавани, ѕидни иблоги и облоги на канали, облоги на вентилациски и електро канали и сл. Палетата FireWin го затвора кругот на ПП заштитата со цела низа на материјали за ПП заптивање на отвори, заштита на носечки, конструктивни елементи, челик, бетон, трапезни лимови и сл. Сертифицираноста на сите овие производи, за архитектите значи поквалитетни и поиздржани ПП проекти, за изведувачите полесна и побрза изведба на ПП системите, а за корисниците на просторите – потрајни и побезбедни домови.

УСЛУГА И АВТОРИТЕТНИ КНАУФ ЕКСПЕРТИ

Високите стандарди на Кнауф услугата и поддршката на корисниците, се пак начела на нудење и помош при користење на FireWin палетата. Кнауф експертите, преку длабинското познавање на ПП заштитата и можностите на своите производи, ви стојат на располагање, on-line, телефонски, во Вашата канцеларија или директно со присуство на Вашиот објект. Ефектна и економична материјализација на безбедноста.