НАШИ ПРОДУКТИ

ПЛОЧИ

Високо-ефективни плочи со различни перформанси и употреби, кои лесно се монтираат и се докажано ефикасни за пасивна заштита од пожар.

 

БОИ

Високо-лепливи бои кои брзо се сушат, за различни површини како структурален челик и алуминиум, за внатрешна и надворешна употреба.

МАЛТЕР

Високо лепливи и лесни малтери за пасивна заштита од пожар, за надворешна и внатрешна употреба, за челик и бетон.
Брзо и лесно нанесување со машини, на хоризонтални и вертикални површини

МАНЖЕТНИ

Сопрете ја пенетрацијата на огнот низ отворите, различните цевки и инсталации од кабли.
Може да се употребат и во мокри услови.



НОВИНА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР ШИРОКА ПАЛЕТА НА МАТЕРИЈАЛИ ЗА ПАСИВНА ПП ЗАШТИТА


Оригинален додаток за целосна ПП заштита

Иако палетата на Кнауф секогаш содржела материјали кои овозможувале висока ПП заштита во системите на преградни и фасадни ѕидови, спуштени тавани, ѕидни иблоги и облоги на канали, облоги на вентилациски и електро канали и сл. Палетата FireWin го затвора кругот на ПП заштитата со цела низа на материјали за ПП заптивање на отвори, заштита на носечки, конструктивни елементи, челик, бетон, трапезни лимови и сл. Сертифицираноста на сите овие производи, за архитектите значи поквалитетни и поиздржани ПП проекти, за изведувачите полесна и побрза изведба на ПП системите, а за корисниците на просторите – потрајни и побезбедни домови.

Услуга и авторитетни Кнауф експерти

Високите стандарди на Кнауф услугата и поддршката на корисниците, се пак начела на нудење и помош при користење на FireWin палетата. Кнауф експертите, преку длабинското познавање на ПП заштитата и можностите на своите производи, ви стојат на располагање, on-line, телефонски, во Вашата канцеларија или директно со присуство на Вашиот објект. Ефектна и економична материјализација на безбедноста.

Доверба во Кнауф системите

Кнауф е семејна германска компанија, важен партнер на светското градежништво и еден од водечките добавувачи на градежни материјали, повеќе од 80 години. FireWin е најновата целосна палета на производи, директен производ на иновативноста и енергијата на компанијата, длабокото разбирање на клиентите, флексибилното производство и континуираната контрола на квалитетот на производите.

Видливи предности за архитектите, градежниците и изведувачите

Сигурната заштита од пожар, секогаш е директно зависна од квалитетот на материјалите, но секогаш на изборот влијаат и други фактори. Секогаш се бараат економични решенија, лесни за користење и за изведба и на покомплексни задачи. FireWin, водена од овие модерни текови на градежништвото, успешно ги комбинира сите овие фактори, па заедно со добро познатите Кнауф системи во градежништвото, создава простор во кој и вие и Вашите потомци ќе живеете безбеден и мирен живот.



ЈАСНИ ПРЕДНОСТИ ЗА АРХИТЕКТИТЕ И ВГРАДУВАЧИТЕ

 

ПОЛЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

 …

Индивидуални совети за архитектите

Практични алатки за планирање

Инспиративни референци

ЕФИКАСНО ПОСТАВУВАЊЕ

Брзо и лесно монтирање

Одлична вредност за парите

Разновидна услуга за клиенти

НАЈВИСОК ДОКАЖАН КВАЛИТЕТ

Водечки перформанси во пасивната ПП заштита

Резултат на континуирана иновација, тестирања и сертифицирање

Продуктите се во согласност и функционираат според највисоките стандарди

ПРИРОДЕН ДЕЛ ОД НАЈШИРОКАТА ПАЛЕТА НА КНАУФ СИСТЕМИ

Безбедни и одржливи решенија

Компатибилност со сите останати Кнауф системи

Истата логистика, лагер и поддршка


ИМАЈТЕ ДОВЕРБА ВО КНАУФ – Чувствувајте се заштитен.

Кога ќе избие пожар, секоја секунда е драгоцена. Затоа препуштете ја Вашата доверба во новата програма противпожарни производи од европскиот водечки бренд за производство на градежни материјали: Knauf FireWin. Зголемете ја безбедноста на луѓето и објектот.